11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

133 повредени и 412 приведени за време на протестите во Париз

Во насилството во Париз, кое избувна за време на протест на движењето „Жолти елеци“, повреди се 133 лица, додека 412 лица се приведени, соопшти париската полиција.

Полицијата од вкупниот број приведени, во притвор задржала 378 демонстранти, се наведува во соопштението, додавајќи дека 133 од повредените лица за време на протестот 23 биле членови на безбедносните сили.

Движењето „Жолти елеци“ организира протести во Франција од 17 ноември поради најавеното зголемување на даноците на гориво, како дел од мерките за животната средина, но протестот се претвори во општ израз за граѓаните на незадоволство од политиката на претседателот Mакрон, заклучуваат тамошните медиуми.

Францускиот премиер Едуар Филип денеска требаше да патуваат во Полска, на самитот за климатските промени, но неговото присуству беше откажано поради немирите во Праиз.

Спонзорирано: