11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Немаме контрола ни над делче од Косово и Метохија, но го имаме својот народ

Не сме во лесна позиција, бидејќи ние немаме контрола ниту над едно делче од Косово и Метохија, но затоа имаме народ кој е подготвен да ги чува своите огништа, а тие ја имаат својата држава која е подготвена да им помогне на секој можен начин, порача денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Тој најави дека на денешните разговори со претставници на Србите од Косово и Метохија, ќе замоли протестите да продолжат на мирен начин, а државата ќе продолжи да и укажува на меѓународната заедница за не само штетните, туку како што рече и погубни ефекти од мерките за Приштина, кои, според него, длабоко ги подриваат мирот и стабилноста.

„Ситуацијата воопшто не е лесна. Секогаш зависите од волјата на Приштина и од тоа дали тие ќе го почитуваат законот или не. Кога некој се однесува противправно, ограничени се можностите за дејствување“, рече Вучиќ во изјава за новинарите.

Тој истакна дека е среќен што Србите се разбудиле и огласиле и што разбираат колку се погодени од мерките на Приштина, покажувајќи дека се значаен политички фактор на Косово и Метохија.

Властите во Приштина неодамна донесоа одлука за зголемување на тарифите за 100 отсто на увозот на стока од централна Србија и Босна и Херцеговина.