15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТОП ВЕСТИ

(Видео) Материјални докази за трансакциите на „Финзи” на судењето за „Трезор”

По подолга пауза, денеска во кривичниот суд со главна расправа продолжи судењето за случајот на СЈО „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на државни пари за набавка на софтвер за пресретнување на комуникации од странство за потребите на Петтата управа.

На денешното рочиште за случајот од страна на обвинителите на СЈО се изнесуваат материјалните докази што се однесуваат на формирањето на фирмата „Финзи“ ДООЕЛ и трансакциите кои се направени поврзани со истата.

Обвинети во случајот „Трезор“ се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР и член на Управен одбор на „Телеком“ Небојша Стајковиќ.

Според обвинението, обвинетите Мијалков, Јакимовски и Грујовски во 2010 година договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

Фирмата „Финзи“ откако ја презела набавката, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката на опремата е направена во 2010 година, а фирмата „Финзи“ ДООЕЛ е формирана кон крајот на 2009 година.

Виктор Јованов

Спонзорирано: