17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАИЗБОР

На што падна ВМРО ДПМНЕ

Од десетици илјади луѓе на улиците до пред некоја година кога беше на власт и ги организираше контра протестите, денес ВМРО ДПМНЕ успеа да собере нешто повеќе од илјада луѓе на “големиот” протестен марш.

Која е причината за ваквиот катастрофален епилог од вчерашниот протестен митинг?

ВМРО ДПМНЕ најавува дека секоја среда ќе организира вакви маршеви, но дали партијата добива од тоа?

Освен нервозни возачи кои мака мачат да си одат дома во своите домови поради секојдневните блокади на улиците во Скопје од разно-разни организации, ваквите протести не влијаат добро ниту за опозицијата, бидејќи слабиот одзив отсликува една слаба партија сметаат аналитичарите.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ која со години беше најмоќниот политички фактор во државава во последниве месеци доживува колапс на сите полиња, а се’ се засили со лошата проценка да се бојкотира септемврискиот референдум, а продолжи со одметнувањето на 8-те пратеници, но и бркањето на повеќе видни членови како градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, но некогашниот шеф на УБК Сашо Мијалков. Тука е замрзнувањето на имотот и новите истраги од СЈО кои директно ја поврзуваат партијата со сомневања за корупција.

А како круна на целата оваа тажна вмровска лакрдија беше и бегството на екс-премиерот Никола Груевски во Унгарија, кое што дефинитивно и го зададе последниот “бокс” на партијата за денес да дојде на ова ниво.

Многумина веќе си го поставуваат прашањето: Дали можеби е време за една нова модерна десничарска партија во Македонија, која што нема да го користи предзнакот на историското ВМРО?

Анкети: СДСМ силно води пред ВМРО ДПМНЕ, Заев тројно пред Мицкоски

Во случај да има предвремени парламентарни избори, најголем број од испитаниците, односно 29,1 отсто ќе гласаат за Коалицијата предводена од СДСМ, а 18,1 отсто за Коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ, покажува октомвриската анкета која за потребите на ТВ24 ја направи ТИМ институт.

Од друга страна пак Премиерот Зоран Заев е најпопуларен лидер со поддршка од над 21 отсто од граѓаните кои се изјасниле дека имаат доверба во него.

Три пати повеќе или 14 процентни поени повеќе од Христијан Мицкоски, за кој се произнеле само 7,4 отсто од граѓаните. 7

На бегалецот Груевски му веруваат само 2,7 отсто од испитаниците на неодамнешната анкета на Телма и МЦМС, што ја направи агенцијата М-проспект.

Следен после Мицкоски е Иванов со 6,12 отсто поддршка, по него Ахмети со 5,7, а петти е претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со 3,8 отсто поддршка.