11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тажна вест: Почина Блаже Ристовски

Академик Блаже Ристовски почина синоќа во Скопје на 87 години, соопшти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Тој е уредник на првата Македонска енциклопедија во издание на МАНУ. Со научна дејност почнал да се занимава уште по запишувањето на студиите, а првиот истражувачки труд го објавува во тогашниот орган на Катедрата за јужнословенски јазици – македонски јазик. Во 1988 бил избран за дописен член на МАНУ, а во 1996 за редовен член.

Комеморацијата е закажана за утре во 10.30 часот. Ристовски ќе биде погребан во 13 часот на Градските гробишта „Бутел“.