23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ѓорчев: Молам за милост и човештина кон обвинетите

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Тој бараше милост за обвинетите од судот.

„Го молам судот за милост и човечност кон овие луѓе, исто како што молев на 27 април да не се тепаат луѓе, да не се отиде предалеку“, рече во сведочењето пратеникот Влатко Ѓорчев со треперлив глас.

„Молам за милост и човештина“, рече Ѓорчев.

„Ова е судница, а не собраниска говорница“, приговори обвинителката Вилма Рускоска.

Судијката Кацарска на Ѓорчев му рече дека би бил одличен адвокат на обвинетите.

“Одржавте мал говор во судницата, ама вие пратениците заборавате дека ова не е Собрание“, рече Кацарска.

Обвинетиот Александар Василевски – Нинџа го праша Влатко Ѓорчев дали неговиот, како што рече, потпалувачки говор пред Државната изборна комисија во 2016 година бил прво полувреме за настаните од 27 април, но по приговорот на адвокатот Еленко Миланов, судијката не го дозволи прашањето.

Ѓорчев на крајот им заблагодари на сите во судницата за присуството по што некои од присутните почнаа да се смеат. Судењето е во фаза на доказна постапка со одбраната на обвинетите и нивните докази.

Спонзорирано: