20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студен бран ќе ја погоди Македонија – УХМР со најново метео предупредување

Времето во Македонија ќе биде студено со умерен северен ветер, а на места ќе провејува снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до пет степени.

Во Скопје студено со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до четири степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.