25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Кина ќе се гради првата подводна железница за брзи возови

Во Кина ќе се гради првата подводна железничка пруга за брзи возови која ќе ги поврзува Нингбо, пристанишен град јужно од Шангај, и Жoушaн, архипелаг на источниот брег.

Предвидениот подводен тунел ќе биде дел од 77-километарскиот Јонг-Жоу железнички план за поттикнување на туризмот.

Планот првпат бил предложен во 2005 година, по што била направена студија за изводливост и истиот беше одобрен овој месец. Од 77 километри, околу 70 километри ќе биде нова пруга, вклучувајќи и 16,2 под морето.

Возовите што ќе се движат по пругата ќе достигнуваат брзина и до 250 км/ч. Проектот се очекува да чини 3,6 милијарди американски долари и да биде завршен до 2025 година.