11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Паника во авионот на канцеларката Ангела Меркел – морал принудно да слета

Владиниот авион Airbus A340 со кој германската канцеларка Ангела Меркел патуваше кон Аргентина на самитот Г20 , морал принудно да слета.

Кратко време по полетувањето од Берлин , авионот морал принудно да слета поради технички проблем, соопштил пилотот. Тој им рекол на патниците дека ќе го замени авионот на аеродромот во Келн-Бон во северозападна Германија.

Во владиниот авион имало дефект на неколку електронски уреди , но според пилотот немало безбедносна опасност.

Авионот Konrad Adenauer , наречен по првиот германски повоен канцелар , што го користи владата за службени патувања , полета од Берлин , но се врати назад во Германија додека летал над Холандија.

Не е јасно кога ќе дојде друг авион за да може Меркел да го продолжи летот до Буенос Аирес што трае 15 часа.