Centar.mk
СВЕТ

Драма во Кина: напад со нож во болница, има загинати и повредени

Во напад на болница во југозападна Кина, повеќе од десет лица се убиени или ранети, јавуваат државните медиуми, кои не ја прецизираат природата на нападот.

„Инцидентот се случил во локалната болница во 13:20 часот по локално време“, соопшти државната новинска агенција „Ксинхуа“.

Нападот се случил во округот Женгксионг во североисточниот дел на југозападната провинција Јунан и истрагата е во тек.

Масовните насилни злосторства се ретки во Кина, која строго им забранува на граѓаните да поседуваат огнено оружје./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масовен украински напад врз Русија: Москва тврди дека соборила 699 ​​беспилотни летала

ДЕСК

Украина: Русија од почетокот на инвазијата загубила над 1,6 милиони војници

ДЕСК

Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: неговата содржина останува мистерија

ДЕСК