27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР утврди кој ги помести камењата кај границата со Грција

Регионалниот ценатар за гранични работи Југ го расчисти настанот од 23-ти овој месец кога во периодот од 14,00 до 20,00 часот од страна на непознато лице беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција, соопштуваат од МВР.

-По преземени мерки констатирано е дека сторител на дело “оштетување туѓи предмети” е Б.М.(36) од с. Гермијан, Битола. Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал делото.

Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена пријава, се наведува во соопштението на МВР.