7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп, дефинитивно, ја откажа средбата со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја откажа средбата со својот руски колега Владимир Путин, што беше планирана да се одржи в сабота на маргините на самитот Г20 во Аргентина.

„Со оглед на фактот дека бродовите и морнарите не се вратени од Русија во Украина, одлучив дека за сите би било најдобро да го откажам закажаниот состанок во Аргентина со претседателот Владимир Путин. Со нетрпение го очекувам значајниот самит веднаш штом оваа ситуација биде решена“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој веднаш по избивањето на кризата меѓу Русија и Украина навести дека би можело состанокот да биде откажан.

Руската морнарица пресретна три украински воени брода во Црното Море кога, наводно, тие навлегле во руските територијални води во неделата. Додека Киев наведува дека ја известиле Русија оти бродовите ќе поминат низ таа рута, Москва наведува дека не добила такво известување.