14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Карло Ромео: Политичкиот прогон нè оддалечува од ЕУ и НАТО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

„На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, економската состојба во државата, како и реформските процеси, кои се клучни за остварување на стратешките приоритети на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна политичкиот прогон што се врши врз десетици членови на опозицијата и директниот атак врз опозициската мисла и посочи дека таквото однесување на власта ја оддалечува државата од остварување на стратешките приоритети – членството во ЕУ и НАТО“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека партијата смета дека економската состојба во државата е значително влошена, а власта недоволно се посветува на реалните области за живот, кои се од суштествено значење за граѓанинот.

„На средбата се говореше и за понатамошно продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Република Италија и Република Македонија, како и значењето на поддршката што Македонија ја добива од Италија на патот кон членството на државата во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: