11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион слета меѓу камиони во Дубровник

Авион, кој летал на релација Риека-Сплит-Дубровник, слета на затворен дел на пистата на аеродромот во Дубровник, меѓу камиони и градежна механизација, објави порталот „Индекс.хр“.

Станува збор за авион во сопственост на „Ванер Европа“, во кој имало седум патници и тројца членови на екипажот. На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи и медицинска помош.

Авионот останал десетина минути на местото каде што слетал по што бил паркиран на писта каде што се симнале патниците. Еден од патниците рекол дека не биле известени за инцидентот и дека екипажот им рекол оти слетале порано и дека затоа авионот стои на пистата.