17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средношколци во Солун протестираа против договорот со Македонија

Речиси илјада средношколци денеска протестираа на улиците во Солун поради напорите на Атина да стави крај на долгогодишниот спор со Македонија. Учесниците носеа грчки знамиња и извикуваа националистички пароли против Македонија и Албанија, јави „Асоишетед прес“.

Десетина училишта на северот на Грција со денови се затворени поради протести на учениците, предизвикани од намерата на владата да ги нормализира односите со Македонија. Со договорот што го постигнаа двете земји, потсетува АП, Македонија би требало да го смени името во Северна Македонија, а Грција би требало да ја запре блокадата кон својот северен сосед за членство на НАТО и ЕУ.

Грчката влада соопшти дека зад протестите во Солун стои ултрадесничарската партија Златна зора.

Спонзорирано: