11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и ненародниот СДСМ ја завија државата во црно

Зоран Заев и ненародниот СДСМ ја завија државата во црно. Правната држава и владеењето на правото се мисловен поим со СДСМ на власт, а институциите се користат за хајка на политички неистомисленици, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, правосудните органи не одлучуваат врз основа на закон, туку врз основа на политички диктат.

„Политички се гонат неистомислениците на Зоран Заев, а во исто време против репрезентите на актуелната власт не е подигнато ниту едно обвинение. Безбедноста е нарушена. Секојдневно се случуваат убиства, грабежи и се палат автомобили, а никој за тоа не одговара. Економијата речиси две години е завиена во црно, образованието е зацрнето, земјоделството е запустено и оцрнето. Секој еден сегмент во државата е запоставен. СДСМ мора да одговара за хаосот во кој ја втурна Република Македонија“, се додава во соопштението.