11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Има поединци што му посакуваат неуспех на преспанскиот договор

Посебен придонес во потпишувањето на преспанскиот договор има и албанскиот политички фактор во Република Македонија, рече лидерот на Демократската унија на Албанците, Али Ахмети, на свечената академија по повод Денот на aлбанското национално знаме и прогласувањето на независноста на Албанија. Додаде дека треба да се затворат многу процеси во Македонија, како и договорот со Грција, кој не смее да биде само архивиран и заборавен.

Ахмети во својот говор потсети и на опасностите од неуспехот на договорот, од кој може да зависи и стабилноста на регионот.

„Има и такви што работат да не успее овој договор, но немаат простор и не треба да се дозволи тој да пожолтува во архивите. Со неуспехот на договорот нема да има мировен процес, ниту интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така нема да успее многу важниот процес за зацвстување на мирот и стабилноста во јужна Европа и на целиот Балкан“, истакна Ахмети.

Присутните ги поздрави и претседателот на Собранието, Талат Џафери, според кој, историјата на Албанците е тажна исто како и на други народи бидејќи не се обединети во една земја. Џафери потенцира дека сега Албанците имаат цел да бидат дел од Европа.