10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Најавените протести се со цел одбрана на криминалот на Груевски

Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се во сеопфатна одбрана на криминалите на Никола Груевски и ништо повеќе. Најавените протести се, всушност, последната форма од оваа континуирана одбрана на криминалот на Груевски, менторот на Мицкоски, со сите негови погрешни и штетни политики кои 11 години ја уназадуваа Македонија, соопшти СДСМ.

Според партијата, црнилата, разнебитувањето и изолацијата беа и остануваат симбол на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од осудениот криминалец Груевски. Тоа денеска сеопфатно го брани Мицкоски.

„Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понудат на граѓаните, немаат идеја, немаат програма, ниту план, немаат ниту предлог во интерес на граѓаните или подобрување на нивниот живот. Граѓаните ја гледаат и чувствуваат разлика. На една страна е криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кое ја уништуваше земјата, а на другата е одговорното и домаќинско управување на Владата предводена од СДСМ, кое Македонија ја води напред.

По 11 години криминал, корупција, заробена држава, изолација и неизвесност, граѓаните ја поразија погубната матрица на Груевски. Македонија, денес, е рамноправен партнер на демократскиот свет, држава во која институциите работат за граѓаните и држава во која владее правото. На Мицкоски и на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека правда мора да има. Секој оној за кој ќе се докаже дека го прекршил законот и за кој низ законска транспарентна судска постапка е донесена правосилна пресуда, ќе одговара во согласност со законите“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: