23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потона брод во Уганда, загинаа најмалку 29 лица

Повеќе од 29 лица загинаа во Уганда откако потона бродот на кој се одржуваа забави, јавува Би-би-си.

Инцидентот се случи во саботата на езерото Викторија, соопшти локалната полиција.

На бродот што потона во близина на Кампала, главниот град на Уганда, имало околу сто луѓе.

Државните медиуми објавија дека имало многу познати личности на бродската забава, вклучувајќи го и принцот на традиционалното царство на тоа подрачје. Досега 20 луѓе беа спасени од езерото, 29 загинаа, а за другите се трага. Принцот е меѓу преживеаните.

„Имаше премногу луѓе на бродот, а имаше и бура”, рече портпаролот на полицијата.

Властите испратија хеликоптер за помош во потрага по исчезнатите, но мали се надежите дека има уште преживеани.