23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Татко и син од Скопје под истрага за продажба на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истражна постапка против татко и син.

Како што се наведува во соопштението на Обвинителството, на 22 овој месец, при претрес на домот на осомничениот татко во селото Кучково, било утврдено дека тој кај себе неовластено држел пиштол „црвена застава“ во калибар 7,65 милиметри, сигнален пиштол „М50“ и куршуми во разен калибар, како и експлозивни материи чија употреба е забранета – рачна бомба, модел „Н38“, едно погонско полнење на ракети, модел „ПГ 7“, и еден котур со детонаторски фитиљ.

При претресот кај осомничениот биле пронајдени и 0,80 грама марихуана и вага со траги од дрога.

На истиот ден бил извршен претрес и во домот на неговиот син во Скопје кај кого биле пронајдени околу 61 грам марихуана.

Двајцата се осомничени за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а таткото се товари и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставил и предлог за определување мерка притвор на осомничените.