24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се преврте автобус кај Вашингтон, повредени 40 студенти

40 лица се повредени кога се превртел автобус што превезувал членови на Марширачкиот оркестар од Универзитетот во Вашингтон.

Марширачкиот оркестар патувал во карван од шест автобуси до Пулман, Вашингтон, каде што се одигрувал годишен куп во фудбал меѓу универзитетите од Вашингтон и Вашингтон Стејт кога автобусот се излигал на заледениот пат и се превртел.

40 од 56-те патници во автобусот биле однесени во локалната болница бидејќи претрпеле повреди кои не биле сериозни.