Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски призна дека се сретнал со Орбан неколку недели пред бегството на Груевски

Антизападниот пион Христијан Мицкоски во вчарашното интервју призна дека се гордее на криминалите на неговиот ментор и криминалната ВМРО-ДПМНЕ, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Мицкоки кажа дека со гордост влегува во белиот дворец изграден во време на најголемата сиромаштија и симбол на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски. Пионот Мицкоски конечно призна дека бил во посета на Белград и Унгарија, призна дека се сретнал со Виктор Орбан неколку недели пред бегството на криминалецот Груевски. Се отвора сериозен сомнеж, ова е јавно признание дека Мицкоски е дел од планот за бегство на осудениот Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија тврди дека Христијан Мицкоски лаже кога вели дека е за ЕУ и НАТО бидејќи многупати досега покажал дека работи на тоа да ја врати Македонија во темното минато на изолација, криминал и неизвесност.

Очигледно е, додава СДСМ, дека Мицкоски нема друга агенда, освен одбрана на криминалите на неговиот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски.

Спонзорирано: