3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Арсовска прв македонски претставник во Светската комора од 1919 година

Генералниот совет на светската коморска федерација (World Chamber Federation) со седиште во Париз го објави назначувањето на Данела Арсовска во раководството.

Своето прво обраќање Арсовска го имаше на денешната седница што се одржа во Дубаи, со што во раководството на највисоките позиции од 1919 година од 12.0000 комори од целиот свет таа е прв претставник од Република Македонија.

Арсовска ќе го заземе местото на еден од 20-те члена на Генералниот совет кои ќе раководат со Федерацијата, каде што другите членови ги претставуваат САД, Кина, Велика Британија, Русија, Турција, Индија, Иран, Израел, Италија, Германија, Франција, Канада, Бразил, Германија, Австрија.

Од Сојузот на стопанските комори велат дека назначувањето во највисокото тело на Светската коморска федерација значи позиционирање на Македонија како центар на Западен Балкан за влез на нови инвестиции во земјата и регионот, сигурни партнерства за домашните стопанственици, со цел зголемување на извозот и информации од прва рака за светските економски случувања.

„Се гордеам лично и професионално на овој голем успех за Македонија и дека по 100 години постоење на Светската федерација од 12.000 комори, прв пат во раководството на највисоките позиции доаѓа лице од Македонија, но и единствен претставник на Западен Балкан. Назначувањето на функцијата во Генералниот совет е круна на заложбите за интернационализација, кои ги промовиравме во изминатите години. Местото што го заслуживме треба максимално да го искористиме за јакнење на нашата економската позиција, за привлекување инвестиции во нашата земја, но и за отворање на пазарите за нашите компании за кои е предизвик да пласираат на глобалниот пазар. Пред нас е шансата што треба да се искористи, сигурна сум дека заедно ќе постигнеме многу за развојот на меѓународната трговија врз основа на принципите на слободна и фер конкуренција“, изјави Арсовска во Дубаи на првата седница на новата позиција.

Светската коморска федерација како единствен глобален форум што ги обединува стопанските комори од целиот свет дејствува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис-заедницата во најрелевантните светски организации, како Организацијата на Обединети нации, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој.

Советот на Светската коморска федерација со седиште во Париз секоја година организира глобален настан на друг континент. Минатата година почна со реализација на стратешките цели во Кина, а годинава глобалната агенда ја објави во Дубаи.

Спонзорирано: