17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАСВЕТИЗБОР

Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник

Без поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, ќе беше потешко да се заштити унгарската граница, вели премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, запрашан за азилот што Груевски го доби.

Орбан рече дека Унгарија праведно ги третира соработниците, а истакна дека Груевски е негов соработник исто како и на унгарскиот народ.

„Не можеме да ги исклучиме правните процедури, но можеме да овозможиме праведен третман“, потенцира Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека организациите поврзани со Џорџ Сорос се впуштени во прогонот против Груевски.

За судските постапки против Груевски, Орбан изјави: „Станува збор за комплицирани спорови, а правниот систем е дел од нив“.

„Властите ќе одлучат што ќе направат во врска со екстрадацијата“, рече Орбан.

Орбан во интервјуто дадено за националното унгарско радио потсети дека Греувски во времето кога бил премиер побарал од Унгарија помош за поставување жица околу македонската граница, а тие му помогнале.