Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црн петок во Алабама – застрелан напаѓач во трговски центар, повредено и 12-годишно дете

Полицијата застрела вооружено лице, кое пукало во трговскиот центар во Алабама за време на големите попусти за Денот на благодарноста. Пред да биде застрелан напаѓачот пукал во 18-годишно момче, кое е повредено, а настрадало и 12-годишно девојче.

Инцидентот се случил додека трговскиот центар бил преполн со луѓе. Инцидентот почнал со расправија меѓу 18-годишникот и напаѓачот, соопшти полицијата.

Полицијата не знае како почна расправијата, но, според нивните сознанија, 18-годишникот не бил вооружен. Напаѓачот во еден момент пукал нанесувајќи му повреди на момчето. Кога се обидел да бега, бил застрелан од полицаец, кој во тој момент паролирал низ трговскиот центар.

Спонзорирано: