23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За една ноќ „пајакот“ подигнал 73 возила

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и седум лица телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и еден бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престигнување, еден поради недавање првенство на минување пешаци, пет поради неправилно престројување и 11 поради непоседување пропишана зимска опрема. Исто така, санкциониран е и еден пешак поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози и 73 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.