27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
МАКЕДОНИЈА

Чадот од калифорнискиот пожар се прошири до Њујорк

Населението од источниот брег на САД е илјадници милји далеку од западниот брег и од пожарите што ја погодија Калифорнија.

Иако се безбедни од далечните пожари, и тие ги чувствуваат неговите ефекти оваа недела.

Според фотографиите и проекциите на Националното здружение за океани и атмосфера, облаците чад од огромните пожари во Калифорнија патувале повеќе од 3.000 километри и пристигнале до Њујорк. Како што пишува Си-ен-ен, чадот ќе продолжи да патува кон Атлантскиот Океан.

Фотографиите на Њујорк, објавени во понеделникот вечерта, потврдија дека чадот е видлив и формира еден вид магла на хоризонтот.

Најмалку 79 лица загинаа во пожарот, а иако облакот од чад во Њујорк само се наѕира, луѓето што се поблиску до пожарот се изложени на ризик од здравствени последици поради вдишување чад.