14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нелегална телекомуникациска опрема пронајдена во дом на скопјанец

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 28-годишен скопјанец со иницијали С.Н. поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo компјутерска измама, казниво по член 251-б, став 1 во врска со став 2 и став 6 од Кривичниот законик.

Имено, како што информираат од полицијата, на 8 ноември годинава, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домот на пријавениот и притоа било утврдено постоење на активна SIMBOX-телекомуникациска опрема, која била одземена.

Пријавениот, велат од МВР, ја набавил опремата и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај. На тој начин С.Н. за три месеци стекнал противправна имотна корист од 1.343.401 денар.

Спонзорирано: