14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

В недела ќе биде запечатен договорот за брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, потврди дека со Европската комисија е постигнат договор за нацрт-декларацијата за односите помеѓу Велика Британија и Европската Унија по брегзитот и порача дека в недела договорот ќе биде запечатен.

„Договорот што го постигнавме се однесува на односите помеѓу Британија и Европската комисија. Сега останува на 27-те лидери на другите земји членки на ЕУ да го разгледаат договорот во следните денови до специјалниот состанок на Советот на ЕУ в недела“, рече Меј обраќајки се пред новинарите.

Британската премиерка истакна дека народот во Велика Британија сака добар договор што ќе ја стави земјата на патот кон светлата иднина, пренесе „Ројтерс“.

„Договорот ни е на дофат и одлучна сум да го остварам“, истакна Меј.

Претходно, „Ројтерс“, повикувајќи се на неименувани функционери од ЕУ, објави дека преговарачите на ЕК и Обединетото Кралство ја усогласиле декларацијата за идните врски помеѓу двете страни. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, исто така потврди дека преговарачките тимови на ЕУ и Велика Британија постигнале договор за нацрт-политичката декларација за односите помеѓу двете страни.

Се очекува лидерите на 27-те членки на ЕУ на вонредниот самит в недела да го потврдат нацрт-договорот за повлекување на земјата и да ја одобрат политичката декларација за идните односи со Велика Британија.

Во седиштето на ЕУ во Брисел велат дека и покрај забелешките, особено оние од Шпанија по повод територијата Гилбталтар, се очекува в недела земјите членки да го одобрат договорот.

Спонзорирано: