22.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
БИЗНИС

Москва побара од ЕУ да влијае на косовските власти и веднаш да ги укинат царините

Европската Унија мора да влијае врз косовските власти и да се укинат царините за стоки од Србија и Босна и Херцеговина, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се потсетува дека Косово, кршејќи ги своите обврски што произлегуваат од слободната трговија, одлучи да воведе царини од 100 проценти на стоки од Србија и Босна и Херцеговина.

Жители на Качаник, Косово, претходно, денеска, објавија видео како палат српски производи по објавата на косовската влада дека ја зголемува царината на српската стока на 100 отсто. Како што пишува под видеото, производите биле запалени по апелот за бојкот на српските производи.

Косовската влада соопшти дека е преполовена доставата на стока и дека мерките почнале да даваат резултат, па веројатно резервите бргу ќе бидат потрошени.