3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турски медиуми: ЦИА има снимка, принцот наредил Кашоги да се замолчи

Деталите за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги сè уште се мистерија. Сè уште не е познато кој ја наредил ликвидацијата, пишуваат медиумите во светот.

Турскиот весник „Хуриет“ пишува дека, наводно, добил нови информации што докажуваат дека принцот Мохамед бин Салман ја издал наредбата за убиството на новинарот.

Според весникот, ЦИА има аудиоклип од телефонски повик на кој се слушало како принцот Салман му наредил на својот брат да го замолчи Кашоги што е можно побргу.

Ријад уште од самиот почеток со исчезнувњето на новинарот ја отфрли секоја вмешаност на кралското семејство во овој случај со исчезнувањето и подоцна убиството на новинарот.

Вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ЦИА има, но не 100 отсто докази, за тоа кој го наредил убиството, по што реагира официјална Анкара велејќи дека ЦИА ја знае дури и бојата на крзното на мачката што шетала во дворот на саудискиот конзулат, па оттука, како што велат турските власти, ЦИА не е можно да не знае кој го наредил убиството.

Џамал Кашоги беше голем критичар на властите во Саудиска Арабија. Тој беше колумнист во „Вашингтон пост“, а на 2 октомври влезе во саудискиот конзулат во Истанбул за да подигне документи што му беа потребни за својата венчавка, но не излезе оттаму.

По неколкудневна истрага, Ријад соопшти дека Кашоги бил убиен во конзулатот како резултат на кавга со неколку лица во зградата. Повеќе од 15 лица се приведени и осомничени за неговото убиство.

Телото на Кашоги и по повеќе од деден месец, сè уште не е пронајдено. Турција уште првиот ден од исчезнувањето на Кашоги го обивини Ријад дека стои зад убиството на новинарот.

Спонзорирано: