15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уништи сè што е здраво и зелено, во занесот по криминалот, заборави дека сите дишеме ист воздух

ВМРО-ДПМНЕ преку своето 11-годишно криминално и расипничко владеење парите на граѓаните ги трошеше на барок, споменици, палми, бели палати, мерцедеси, стиропор-фасади и криминални тендери, реагираа од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во тој занес по криминалот, ВМРО-ДПМНЕ уништуваше сè што е здраво и зелено и воопшто не му беше битно колку загаден воздух дишеа граѓаните. За разлика од таквиот антинароден пристап, Владата предводена од СДСМ, заедно со сите надлежни институции, системски пристапува кон решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето. Планот за чист воздух за кој се издвоени дополнителни 1,5 милион евра преку низа мерки на краток, среден и долг рок има цел системски да го решава аерозагадувањето“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

За таа цел, додаваат од партијата во своето соопштение, веќе се преземаат и ќе бидат преземени мерки кон сите извори на загадувањето, домаќинствата, индустријата, сообраќајот, со интенција во наредниот период загадувањето на воздухот да се намали двојно.

Спонзорирано: