17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иванов упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во земјата по повод Денот на албанската азбука

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

„Создавањето азбука е клучен чекор во писмениот и културниот развој на еден народ, таа е огледало на цивилизацијата и суштинско обележје на колективната свест и на идентитетот на народите. Денешниот празник, 22 Ноември, е значаен ден за припадниците на албанската заедница во Република Македонија. Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество. Почитувајќи ги идентитетските обележја и меѓусебните разлики, ги потврдуваме нашите заложби за градење подобар живот на сите граѓани и изградба на силна, напредна и европска Република Македонија“, се наведува во честитката од претседателот Иванов.

Иванов во оваа пригода во честитката додава дека на припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија сака да им го честита Денот на азбуката и да ги повика сите граѓани заеднички да работат на негување и зачувување на мирот и македонската традиција на соживот и почитување на различноста.

Спонзорирано: