24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД ја користат базата во Сирија за тренинг на војници

Русија вели дека САД ја користат воената база во Ат Танф во југоисточна Сирија за тренинг на војници.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, вели дека Моска е загрижена за незаинтересираноста на САД да ги реши проблемите во врска со окупираната територија.

„Голема воена база е распоредена на суверена територија на земја членка на ОН, во стратешки значајна околина на тромеѓата меѓу Сирија, Ирак и Јордан, каде што се поврзуваат Багдад и Дамаск, а според извори и докази, овде тренираат воени лица“, појасни Захарова.

Според податоците објавени од агенцијата „Анатолија“, околу 7 ж.00 квадратни километри во регионот Ат Танф на границата помеѓу Сирија и Ирак моментно се под контрола на опозицијата на САД.

Во септември антидаеш-коалицијата предводена од САД почна воени операции во гарнизонот Ат Танф за што подоцна изјави дека изведува вежби за борбени вештини и антитерористички операции.

Според Си-ен-ен, овие операции се всушност директен одговор на руските воени закани.

Москва, наводно, испратила писмена изјава до САД со предупредување дека ќе изведе прецизни напади врз воени лица во регионот Ат Танф и покрај тампон-зоната од 55 километри околу базата.