10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тинејџер ја изгуби возачката дозвола само што ја зема

Ништо не трае вечно – а оваа лекција едeн германски тинејџер ја научил на потешкиот начин, со губење на возачката дозвола само 49 минути по полагање на тестот.

18-годишното момче, кое очигледно прославувало што добило возачка дозвола, возејќи се со уште четворица пријатели, летале со речиси двојно поголема брзина од дозволената. Тој бил фатен од полицијата 49 минути по земањето на дозволата.

Дозволата му е одземена на 4 недели и ќе мора да зема дополнителни часови зад воланот. Тинејџерот исто така ќе треба да плати казна од 200 евра бидејќи беше фатен од полицијата како вози 95 километри на час во зона каде што брзината е ограничена на 50 километри на час.

Спонзорирано: