11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Делегација на СДСМ на средба со новата партија Бошњачки демократки сојуз

Делегација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, предводена од претседателот Зоран Заев, вчеравечер оствари средба со делегација на новорегистрираната партија Бошњачки демократки сојуз, предводена од претседателот Мунир Колашинац.

На средбата беа изразени намери за понатамошна соработа помеѓу двете партии базирана на своите политички принципи, вредности и заложби за заеднички придонес во развојот на современо, економски напредно, демократско, слободно, праведно и фер општество на еднакви граѓани.

„Нашите сограѓани Бошњаци имаат важен удел во градењето на Македонија како едно општество за сите. Забележлива е и подршката на интегративните процеси и развојот на Македонија како демократска држава, членка на НАТО и ЕУ. СДСМ како двигател на концептот едно општество, се гордее што има членови од сите етнички заедници и што функционира во коалиција со повеќе партии, меѓу кои има политички претставници на речиси сите помали етнички заедници. Дополнителна вредност ќе биде доколку оваа изразена желба за соработка продолжи и со донесување понатамошни одлуки за вклучување на партија што ги застапува интересите на бошњачката заедница во Македонија. Уверен сум дека процесот што почнува денеска ќе резултира со целосна и искрена соработка, што секако ќе биде во интерес на граѓаните и на Република Македонија“, рече Заев.

Како што соопштија од СДСМ, делегацијата на Бошњачкиот демократски сојуз го истакнала задоволството од средбата и во разговорите ги потенцирала своите политички заложби за изнаоѓање одредени институционални решениjа со кои ќе се подобрат позицијата и статусот на Бошњаците во Македонија.

„На крајот на средбата беше заклучено дека отворената можност за соработка меѓу двете партии, ќе биде разгледана во органите и телата на партиите“, соопштија од СДСМ.

Спонзорирано: