9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Автомобил влета во група деца во Кина, има мртви

Најмалку пет лица загинаа, а 18 се повредени кога автомобил се залета во група луѓе, меѓу кои и ученици, пред основното училиште во градот Хулудао, на североистокот во Кина.

Државната ТВ-станица ЧТВ јави дека возачот е приведен,.

На видеата од сигурносните камери се гледа дека возилото се приближува додека децата ја минуваат улицата пред училиштето.

Засега не е јасно дали е во прашање намерен напад, но АП напоменува дека во Кина неодамна се случиле повеќе слични инциденти.

Минатиот месец маж со возило влета во група пешаци во градот Нингбо усмртувајќи две и повредувајќи 16 лица.

Во септември беа убиени 11, а 44 лица повредени во провинцијата Хунан,ж кога напаѓач со возило влета кон група луѓе.

Спонзорирано: