27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бурна ноќ во Белград, српските органи на готовс

Бурна ноќ во Белград по одлуката на Приштина да ги зголеми таксите на производите од Србија и Босна и Херцеговина за 100 проценти.

Одржана беше и седница на Советот за национална безбедност.

Претходно, српскиот претседател, Александар Вучиќ, разговара со амбасадорите на Кина, Русија, ЕУ и на САД. Тој прецизира дека Србија нема да донесе контрамерки бидејќи не сака да ги крши договорите за стабилизација и аспоцијација и ЦЕФТА.

Вучиќ очекува, пред сѐ, земјите од ЕУ да ѝ укажат на Приштина дека потегот е неприфатлив, со давачките се ризикува да дојде до ескалација на недоразбирањата и во опасност е доведен мирот во регионот.

Српските органи ќе бидат на готовс да реагираат на следните чекори на приштинските власти, рече Вучиќ. Српскиот претседател повтори дека компромисот и дијалогот остануваат единствен пат кон решавање на косовските проблеми.