10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

73-годишна жена повредена во сообраќајна несреќа во Скопје

Седумдесет и тригодишна жена е повредена во сообраќајна несреќа во Скопје. Според полицијата, вчера во 7.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата Кемал Сејфула, возило „мерцедес вито“, со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.Б. (48) од село Грчец, Скопско, удрило во пешакот Ж.Ш. (73) од Скопје.

Ж.Ш. со возило на итната медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: