16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште еден пешак настрада во Штип

Шеесет и осумгодишна жена е повредена во сообраќајна несреќа во Штип. Полицијата информира дека вчера во 15.50 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата на улиците Ванчо Прке, Јосиф Ковачев и Кирил и Методиј, возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски таблички, управувано од А.Ј. (63) од Штип, удрило во пешакот Д.С. (68) од Штип.

Повредената жена со возило на итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.