Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен загрепчанец кој нарачувал дрога преку пошта

Загрепската полиција неделава уапсила 20-годишник, кај кого биле пронајдени 525 грама амфетамин и 2 грама марихуана.

Полициската истрага покажала дека дваесетгодишниот загрепчанец, со намера за понатамошна препродажба, од Германија нарачувал амфетамин кој го добивал преку поштенски пратки. Уапсен бил токму при подигање на писма со амфетамин, а при претресот на неговиот стан биле запленети и мала количина марихуана, лаптоп и мобилен телефон.

По завршувањето на претресот, младиот загрепчанец бил одведен во притвор и против него е поднесена кривична пријава.

Спонзорирано: