23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Дубровник прогласен за најдобар град за живот во Хрватска

Иселувањата од Хрватска добија размери на епидемија, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Од 2013 до 2017 година од Хрватска се иселиле околу 150.000 граѓани, но неколку градови бележат пораст на популацијата, меѓу кои на прво место е Дубровник, пишува „Јутарњи лист“.

Во Хрватска од 2013 година се доселиле 62 илјади луѓе, а девет од десет градови во кои има најмногу доселеници се лоцирани море.

Дубровник е град кој најмногу привлекува и каде за шест години се доселиле 1.545 луѓе повеќе отколку што се отселиле.

Овој град понесе титула за најдобар град за живот на недамнешниот избор во Хрватска. Дубровник нуди голем број можности за вработување и остварување на личните планови на поединците и младите семејства.