5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

За Кремљ изборите за нов претседател во Интерпол се легитимни

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не го оспорува легитимитетот на изборите за нов директор на „Интерпол“, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

„Изборот е направен. Засега не гледам никакви факти кои би можеле да доведат до дискусија на легитимитетот“, истакна Песков.

Портпаролот на Кремљ сепак изрази жалење што рускиот кандидат, Александер Прокопчук, кој важеше за фаворит, не успеа да достигне до челната позиција на структурата.

„Тажно е што не победи нашиот кандидат, но од друга страна, ако непристрасно ги погледнеме изјавите од повеќе земји за време на гласањето ќе видиме дека притисокот се покажа посилен, тоа е очигледно“, рече Песков.

Со поддршка на САД и нивните европски партнери, Јужнокореецот Ким Јонг-јанг беше избран на Генералното собрание на Интерпол за нов претседател на оваа организација.