17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Македонија и Црна Гора се секогаш против нас

Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи го гласањето за прием на Косово во Интерпол, изјави дека не е изненаден како гласале земјите од регионот вчера во Дубаи, наведувајќи ги Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија како земји кои гласале за приемот на Приштина, а Унгарија како пријателска земја која се воздржала.

„Во однос на регионот немаше изненадување. Црна Гора и Македонија се секогаш против нас. Црна Гора, Македонија, Хрватска, Словенија, Бугарија, секогаш се против нас“, рече Вучиќ во изјавата за ТВ Пинк. Тој потсети дека, Србија, иако ја признала Македонија под нејзиното уставно име, Скопје од друга страна, ја призна независноста на Косово.

„Тие имаат свои пријатели, и Скопје и Подгорица – во Приштина. На нив Албанците им се искрени пријатели. А нам ни испраќаат јасна порака – вие сте ни второкласни пријатели, помалку важни или помали пријатели. Нашиот одговор на ова е дека ќе имаме најдобра можна соработка, а нивната порака ја прифативме и добро ја разбравме кој им е поблизок и поважен“, објасни Вучиќ.