Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион прегази човек на аеродром во Москва

Патнички авион кој слета на писта на аеродромот Шереметјево во Москва прегази маж кој починал на лице место, соопшти претставничката за медиуми на аеродромот, Ана Захаренкова.

„Патничкиот авион од Атина слетал на пистата. Додека движел, екипажот пријавил судар со неидентификуван објект. Набрзо потоа е пронајдено тело на човек“, соопшти Захаренкова, пренесе руската новинска агенција ТАС.

Мажот е идентификуван, а полицијата е информирана за инцидентот.