5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зголеми сиромаштијата

Владата предводена од СДСМ откога е на власт успеа да ја зголеми сиромаштијата на 22 проценти, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на пратеничката Јагода Шахпаска.

„Иако тие ветуваа живот за сите, сепак околу 460.000 граѓани во државата живеат на работ на сиромаштија. СДСМ ветува зголемување на приходот на социјалните случаи, а не излегува со точни информации колку точно ќе изнесува приходот со покачувањето кое го најавуваат. Царовска најави социјална помош во вредност од 12.000 денари, односно изедначување со минималната плата, а сето тоа ќе има катастрофални последици бидејќи со тоа ги обесхрабуваат оние коишто сакаат да работат, а со тоа да стекнат работни навики, квалификации“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава и дека Царовска го укина родителскиот додаток за трето дете, што беше проект на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се зголеми наталитетот во државата.