10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Затуроска: Неодговорноста на власта доведе до еколошка катастрофа во Охридското езеро

Неодговорноста на СДСМ дозволува вистинска еколошка катастрофа во Охридското езеро, десетици тони плашица веќе неколку дена е заробена во каналот Студенчишта, каде соочена со недостаток на кислород и се заканува целосно изумирање, рече на прес-конференција Лилјана Затуроска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Таа појасни дека поради се помалата кота на езерото, плашицата е принудена да оди кон каналот Студенчишта, каде исто така е паднато нивото на водата.

„Со тоа десетици тони плашица се наоѓаат на мал простор каде нема доволно кислород за преживување на овој вид и доаѓа до масовно изумирање“, рече пратеничката и додаде дека Охридското езеро подолг период е под биолошкиот минимум, што, како што кажа, е директна причина за еколошкиот егзодус во езерото.

Пратеничката обвини дека власта свесно дозволила поради производство на електрична енергија да се доведе ендемскиот жив свет во езерото во опасност.

„СДСМ со ваквите свои чекори директно оди спротивно на директивата за води на ЕУ, според која производството на електрична енергија е на последната скала на приоритети, а не на прва! На прва скала на приоритети е водоснабдувањето на луѓето и животот на животинскиот свет, земјоделието, па дури на крај е елекричната енергија“, посочи Затурoска која потсети дека Охридското езеро е заштитено со акт на УНЕСКО, како природна реткост, која е преставена преку посебните видови на био свет кои што ги нема во другите езера.

Како што рече Затуроска, поради неспособноста и аматеризмот на власта, не смее да биде загрозена една од најголемите природни реткости во Република Македонија.

Спонзорирано: