10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Свештеник од Германија прокоцка 120.000 евра

Католичкиот свештеник од централната германска бискупија Магдебург потклекна пред земното искушение, неодамна прокоцка 120.000 евра на лажна онлајн-лотарија, објави ДПА.

Свештеникот (64) од парохијата Баленштет, сознавајќи ја својата грешка, се покаја и ѝ се предаде на полицијата и ја призна проневерата на магдебуршкиот бискуп Герхард Фејџ.

Германските црковни власти ќе разговараат дали ќе му биде дозволено да продолжи да ги извршува досегашните должности во парохијата.