10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Арсовски: Заев и Тевдовски во новиот Буџет за 2019 година предвидуваат да соберат од граѓаните приближно 1.981.000.000 евра

Заев и Тевдовски со новиот Буџет паралелно со кој ќе биде воведен и прогресивниот данок, директно ги осиромашуваат граѓаните и влијаат на нивниот живот и животен стандард, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Заев и Тевдовски во новиот мегаломански и ненароден Буџет за 2019 година предвидуваат да соберат од граѓаните приближно 1.981.000.000 евра или за 6.4% повеќе даноци во однос на 2018 година. Замислете, ако во 2018 година СДСМ собрале 1.862.000.000 евра по основ на даноци, во 2019 година со прогресивниот данок ќе соберат 120.000.000 евра повеќе и тоа директно од граѓаните“, вели Арсовски.

Заев и Тевдовски со лошите реформи во даночниот систем ќе ги осиромашат граѓаните за дополнителни 120 милиони евра по основ на даноци кои ќе им ги соберат директно од џебовите, обвини Арсовски.

Спонзорирано: