23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва уапсен Сашо Мијалков

Вечерва полицијата го уапси Сашо Мијалков поранешен директор на УБК.

Полицијата од познат хотел лоциран во центарот на Скопје го однела Мијалков во притвор поради случај на СЈО дознава Центар.мк.

Од МВР засега нема официјална потврда, но според сознанија судија по барање на Специјалното обвинителство му одредил 30 дена притвор.

Сето ова доаѓа откако осуденикот Никола Груевски пребега од Македонија, иако тврдеше дека нема да го направи тоа, па според извори На Centar поради превентива притвор им е одреден на речиси сите негови соработници кои се осомничени во предметите на СЈО.

Спонзорирано: